Како компјутерите треба да учат? – научниците развија нова методологија

Иако денешните компјутери се прилично брзи и можат да извршат голем број математички операции во единица време, сепак уште не е премостен јазот што ги дели до создавањето на вештачката интелигенција. Причина за тоа е начинот на учење, каде што компјутерите не се во состојба да се приспособат на новите ситуации врз база на претходно научените примери или претходното искуство. 

Едноставно речено, на човекот му е лесно да сфати која е функцијата на четкичката за заби и како таа функционира, веднаш по првата употреба, меѓутоа за компјутерите наведениот процес на учење претставува сериозен проблем, особено ако се работи за учење кое се базира на еден пример. 

За да можат компјутерите да ги препознаат комплексните објекти, наведените мора да бидат преточени во математички формули, односно во компјутерски јазик. 

Затоа основниот проблем кон кој се фокусирани истражувачите на вештачката интелигенција е поставување на начин кој е најдобар за претставување на објектите и идеите и разбирлив за компјутерите. 

На оваа тема зборува и новото истражување неодамна објавено со списанието „Science. Во истражувањето се поаѓа од осмислување на компјутерски процедури за секој научен концепт кој првин ќе ги објаснува научените концепти, а потоа ќе ги реализира истите концепти на неколку различни начини. 

Таквиот пристап засега функционира само со едноставни симболи, како што се рачно напишаните букви, а се реализира преку алгоритам кој го објаснува процесот на настанување на рачно напишаните букви, а потоа се претвора во компјутерска програма. 

Научниците овој пристап го нарекуваат „Bayesian Program Learning и се надеваат дека во иднина би можел да ги научи компјутерите на различни начини да пишуваат еден или повеќе знаци.

За да ја истражат доследноста на алгоритамот, научниците одлучиле да проверат дали компјутерски испишаните букви се разликуваат од оние напишани од човек, притоа заклучиле дека не може да се утврди разлика помеѓу двата сета  испишани букви.

Извор: http://sciencemag.org 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…