Супербрз 5Г интернет ќе стигнува од дронови на соларна енергија

Гугл веќе е во фаза на тестирање на дронови кои ќе продуцираат екстрабрз интернет од 5Г. Станува збор за интернет кој би бил и до 40 пати побрз од најбрзиот безжичен сервис во светот. Проектот кој се држел во тајност е наречен „Skybender“.

Проектот работи со помош на милиметарски бранови на високи фреквенции – специфичен регион на електромагнетниот спектрум кој теоретски може да пренесува податоци многу побргу од она што досега го имаме.

Големата предност на милиметарските бранови е достап до нов спектрум, бидејќи постоечкиот спектрум на мобилни телефони е преполнет

Во електромагнетниот спектрум милиметарските бранови се на фреквенцискиот спектар од 30 гигахерци до 300 гигахерци, што е помеѓу микробрановите и инфрацрвените бранови. Ова ги прави подолги од инфрацрвените бранови или икс зраците, но пократки од радиобрановите и микробрановите.

Научниците велат дека фреквенцискиот спектар е ограничен и ако сакаме да пренесуваме повеќе податоци ќе мора да бараме нови начини. Иако милиметарските бранови се многу добри, тие се исклучително кратки. Имаат многу пократок дострел од сигналите на мобилните телефони, тоа значи дека ослабуваат на многу кратко растојание.

Според „Гардијан“, Гугл се обидуваат да тестираат дронови кои ќе емитуваат сигнал на десет пати пократки дестинации од 4Г сигналот. Гугл не изнесуваат многу информации за овој нивен проект но, според „Гардијан“, станува збор за тест фаза со дронови кои фокусирано ќе пуштаат 5г сигнал. Експертите се согласни дека ова е исклучително тешко и користи големи количини на енергија. Ова е можеби тешко, но не и невозможно. Особено затоа што и армијата работи на сличен проект уште од 2012 година кој би дал брзини на безжичен интернет од 1 гигабајт на секунда.

Според некои медиуми, Гугл има дозвола за тестирање на своите летачки дронови од страна на Федералната комисија за комуникација и тоа до јули оваа година. Јавноста се надева дека до тогаш светот ќе види нов вид на интернет со нови брзини.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…