Претставен роботот кој ќе ја деконтаминира Фукушима

Иако поминаа речиси пет години од несреќата во јапонската нуклеарна централа Фукушима, пред јапонските власти сѐ уште постои предизвикот за деконтаминација и конзервирање на оштетените нуклеарни реактори, особено реакторот број 3.

Нивото на радијација во овој реактор е превисокo, па затоа Тошиба направи робот кој треба да помогне во деконтаминација на зградата во која се наоѓа реакторот.

Тошиба, која првично ги изгради реакторите 3 и 5, конструирала роботизирана рака која ќе помогне во конзервација на оштетениот реактор. Роботот ќе биде управуван до далечински управувач, а за полесна навигација во роботот се вградени и специјални камери.

Иако Jапонците се сметаат за исклучително ефикасни, сепак целиот процес за конзервација на нуклеарната централа се најде пред голем притисок од јавноста, особено откако компанијата Tokyo Electric Power Company (Tepco) која е сопственик на централа изјави дека овој процес би можел да трае и до 40 години.

Јапонците особено се загрижени и од фактот дека во последните неколку години е зголемен степенот на канцерогени заболувања кај децата, што претставува силен удар врз и онака слабиот наталитет.

Несреќата во Фукушима е категоризирана во инцидент од седми степен, исто како и несреќата во Чернобил, најголемата нуклеарна несреќа во историјата.

Извор: www.japantimes.co.jp.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…