Недостатокот од сон води до опседнатост со Фејсбук

Во неодамна објавена студија научници од Калифорнија докажаа дека недостатокот на сон, нешто што е честа појава кај младите луѓе и студентите, води до почести онлајн активности како што е проверувањето на Фејсбук.

Кога спиете помалку вие сте поподложни на дефокусирање на вниманието. Тогаш одите на Фејсбук. Лесно е, не оптоварува, а вие сте уморнивели Глорија Марк, професор по информатика од Калифорнија

Направени се многу студии кои покажуваат како технолошките уреди влијаат врз сонот. Она што овие научници го направија е целосно спротивно: како времетраењето на сонот влијае врз користењето на технолошките уреди и интернетот.

Истражувањето беше направено на 76 испитаници во времетраење од седум дена. Сите испитаници беа студенти.

Нивните компјутери и паметни телефони беа опремени со софтвер кој ги забележува активностите што тие ги имаат за време на користењето на уредот. Потоа испитаниците требаше да пополнат прашалник за времето на спиење и нивното дневно расположение, и тоа два пати дневно – наутро и навечер.

Резултатите покажаа директна врска помеѓу хроничниот недостаток од сон, влошеното расположение и склоноста кон опсесивното сурфање на Фејсбук.

Накратко, колку помалку спиеле испитаниците, толку повеќе го пренасочувале нивното внимание од еден на друг уред, при што најчеста активност била проверувањето на Фејсбук.

Извор: www.sciencedaily.com.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…