Кина го гради најголемиот радио телескоп во светот

Кина го гради најголемиот радио телескоп во светот, наменет за примање и испраќање сигнали од вселената. За оваа цел, властите планираат да релоцираат повеќе од 9.000 жители од провицијата Гуижои.

Станува збор за револуционерен телескоп, кој кога ќе биде во функција, ќе направи многу за човештвото - целта на истиот е да служи за контакт со потенцијален вонземски живот.

Телескопот наречен FAST (Five-hundred-meter Aperture Spherical Radio Telescope), чија изградба почна во 2011 година, треба да биде комплетиран годинава. Кога ќе биде готов, ќе се протега на површина од 30 фудбалски игралишта.

До крајот на годинава, од своите домови ќе бидат отселени 9.110 жители што живеат на дијаметар од 5 километри на телескопот, во овој регионот, а како надоместок ќе добијат по околу 1.800 долари од човек.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…