Инженер од Гугл конструираше паметно огледало

Се сеќавате ли на паметното огледало од научнофантастичниот филм „Шестиот ден“ со Арнолд Шварценегер? Токму такво огледало стана реалност благодарение на Макс Браун, еден од најпознатите инженери на Гугл, кој за сопствени потреби направи мало технолошко чудо.

Користејќи вообичаена технологија, во комбинација со сопственото знаење и искуство, Браун од обично огледало направи мултимедијален систем кој покажува датум, време, временска прогноза и најнови вести од светот.

Бидејќи се работи за прототип, Браун најавува дека работи на развивање на паметното огледало и наскоро може да биде унапредено со нови опции, како што се информации за состојбата на патиштата, но и можност за гласовно пребарување.

Извор: www.medium.com

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…