Стар Трек - научна фантастика или вистинска наука?

Од ден на ден, познатата серија „Стар Трек“ сѐ повеќе наликува на вистинска наука отколку на научна фантастика. Холографските доктори, преносните зраци и интелигентните подвижни врати сега се реалност.

Но што се случува со потценетото „откритие“ од светот на „Стар Трек“  - имагинарниот зрак на енергија кој може да придвижува предмети.

Научниците веќе имаат работено на модели кои придвижуваат мали објекти на мали растојанија со помош на светлината, но новото откритие наречено „tractor beam” или зрак на енергија го користи звукот како енергија која ги придвижува предметите.

Во едно истражување објавено неодамна во списанието „Nature Communications“, истражувачите откриле начин да изманипулираат одреден физички објект користејќи го она што тие го нарекуваат акустичен холограм.

Научните истражувачи искористија мрежа од мали звучници за да левитираат, ротираат или на кој било начин да изманипулираат мала топка кон воздухот.

Ова го направија преку програмирање на звучници кои праќаат интензивни звуци, кои пак креираат силно енергетско поле околу објектите.

На фотографиите се гледа еден од нивните модели на енергетски зраци кој придвижува мал објект околу мрежа. На фотографиите изгледа како објектот да го држи човечка рака, но всушност се работи за холограмот кој го објаснуваат научниците.

Другата варијација на нивниот модел вклучува креирање на ротирачки звучен конус кој ги впива малите предмети во центарот на енергетскиот зрак.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…