Приказ на предметите според таг: konkursi
Оглас за соработници за истражување
Во рамки на проектот „Градење на капацитетите за мрежата ИНФОРМ“, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), распишува оглас за тројца соработници на истражување за период од пет месеци. Соработниците ќе бидат вклучени во рамки на Центарот за истражување и Центарот за добро владеење.
Практикантска работа - УСАИД
Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, објавува Јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници. Програмата има за цел континуирана и подобрена едукација на младите правници во областа на правната заштита на човековите права.
Повик за учество на Летна програма за социјално претприемништво
Млади инфо интернационал поттикната од интересот за Наградата за социјално претприемништво ја организира првата Летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.
Со читање до лидерство: Повик за презентација на успешни приказни
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавува Повик за споделување успешни искуства и активности од областа на раната јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија. Повикот е наменет за одделенските наставници, претставниците од стручната служба, библиотекарите, директорите на основните училишта, родителите и останатите членови од семејствата и заедницата кои сакаат да споделат лични искуства од успешни активности реализирани во училиштето или во домот, насочени кон подобрување на раната јазична и математичка писменост.
Повик за учество на Работилница за дизајн размислување
Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна Работилница за дизајн размислување (DESIGN THINKING) во рамките на проектот Дизајн предизвик (DESIGN CHALLENGE).
„Дизајн размислување“ односно „DESIGN THINKING“ е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.