Приказ на предметите според таг: tehnologija
Туш кој ќе ви штеди вода
Со цел луѓето да имаат подобар увид во дневната потрошувачка на вода, дизајнерска фирма од Франција направила иновација со туш што ќе свети и ќе ве предупредува дека трошите премногу вода. Станува збор за туш во кој се вградени ЛЕД светилки кои се во неколку бои и преку боите ви даваат информација колку вода сте потрошиле.
Најдобриот аларм на светот
„Раги“ е најновиот технолошки изум наменет за оние кои имаат проблем со будењето наутро.
Овој нов поден аларм функционира така што неговиот корисник мора да застане на двете нозе врз подлогата во која лежи алармот, за тој да престане да ѕвони.
Зошто постојаното проверување на мобилниот телефон е лошо за нас
Може ли мобилниот телефон да ја намали емпатијата која ја имаме еден кон друг?
Во нејзината нова книга „Потврдување на конверзацијата“, авторката Sherry Turkle, професор на МИТ, вели дека технологијата креира илузија на заедништво, додека во суштина ја намалува секојдневната конверзација и ги ослабнува социјалните врски.
(ВИДЕО) Претставен нов дрон кој може да пренесе човек
Кинеската компанија „Еханг“ на саемот ЦЕС во Лас Вегас го претстави својот дрон наречен Еханг 184, кој ги обединува технологиите на автономните возила и дроновите.
(Видео) Со Wi-Fi можеме да гледаме преку ѕидови?
Научниците развиле можност користејќи ги брановите од безжичниот интернет да гледаат преку ѕидови. Станува збор за истражување што е направено на Универзитетот МИТ. Тие развиле софтвер што ги користи варијациите на радиосигналите за да препознае човечки силуети преку ѕидовите. Ова значи дека сите оние научнофантастични филмови веќе стануваат реалност.