Приказ на предметите според таг: umetnost
Трио „Масеив“од Хрватска со концерт на УГД
Во рамките на Уметничката пролет, Универзитетот „Гоце Делчев“ приредува уште едно пријатно доживување за штипјани. Хрватското трио „Масеив“ доаѓа на концерт во Мултимедијалниот центар во Штип. Концертот ќе се одржи во четврток (25.4.2019 година) во 19 часот, а влезот е бесплатен.
(Видео) Професор од Музичката академија организатор на фестивалот Џез-фактори
Од 18 до 20 април Битола ќе биде домаќин на второто издание на фестивалот Џез-фактори. Главната програма и работилницата ќе се одвиваат на сцената на НУ Народен театар - Битола, а оф-програмата ќе се случува во кафе-бар „Камарите“ и кафе-бар „Порта џез“.
Професор од Музичката академија одржа семинар во Србија
На покана од професори од Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Пожаревац, Република Србија, изминатиот период професорот по труба од Музичката академија при УГД - Штип, доц. м-р Баже Костадинов, одржа семинар по труба со повеќе од 20 ученици од основно и од средно образование.
ФТБЛ ја организира XI Туристичко-гастрономска изложба
Факултетот за туризам и бизнис логистика ја организира единаесеттата по ред Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот.
Васил Хаџиманов промовиран во почесен доктор на науки
Познатиот уметник Васил Хаџиманов во текот на одбележувањето на 12 години Универзитет „Гоце Делчев“ го доби признанието почесен доктор на науки на УГД (Professor Honoris Causa).