Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј вчера го посети Универзитетското радио УГД ФМ, при што одржа средба со вработените на која се разговараше за развојот на медиумите во рамките на УГД и воопшто. На состанокот уште еднаш беше истакната поддршката која Британската амбасада ја дава на универзитетските медиуми и нивниот развој и на универзитетот воопшто. Амбасадата на Британија е вклучена во голем балкански проект во кој преку зајакнување на капацитетите поддржува преку 20-тина медиуми од целиот Балкан, меѓу кои се и медиумите во рамките на УГД (радио, веб, весници и ТВ).

Амбасадорката Галовеј во рамките на својата посета реализираше и интервју за Универзитетското радио и ТВ, при што истакна дека поддршката која меѓународната заедница ја има кон медиумите е сериозна и таа ќе продолжи и во иднина.

- Ние сме многу посветени на поддршката на слободата на медиумите во целиот свет. Тоа беше голема кампања на Владата на Велика Британија. Ова е нешто на што и јас и Амбасадата работиме во последните неколку години. Имаме тесна соработка со новинарите, Здружението на новинари и сметам дека тоа е многу важна работа. За граѓаните да ја добијат транспарентноста и достапот до информации кои им се потребни, треба не само добри и силни национални медиуми, туку и локални медиуми кои известуваат за работи за кои луѓето во локалните средини се интересираат. Тие ги разбираат проблемите на луѓето во локалните заедници. Сметам дека силни и поефективни локални медиуми се витални, не само овде, туку насекаде. Сметам дека ова е област во која треба да продолжиме да работиме заедно. Навистина ми е мило што Универзитетското радио, кое игра многу важна улога да допре до младите луѓе, е една од организациите со кои ќе работиме - истакна во разговорот амбасадорката на Британија, Рејчел Галовеј

Покрај тоа, беше истакнато дека тие како Амбасада се залагаат и поддржуваат и студенти преку програми во високото образование.

- Нема иднина за државата без добро образование. Толку е едноставно. Навистина сум горда на некои од проектите на кои работевме досега. Продолжуваме и со системот на стипендии. Овде се Шевенинг стипендиите преку кои младите Македонци можат да патуваат во Велика Британија, да магистрираат и да се вратат овде, да ги донесат вештините со кои ги стекнале таму во која било област - истакна Галовеј.

Таа посочи и дека во наредниот период ќе се работи на директна соработка на Амбасадата со универзитетите, преку која соработка ќе може најголемиот бенефит да го имаат студентите.  Целосното интервју за универзитетските медиуми погледнете го во видеото.

 

Објавено во УГД Живот
Петок, 19 Февруари 2021 12:38

Богат одбојкарски викенд на УГД

Во рамките на првата одбојкарска лига, викендот одбојкарските клубови на УГД ќе одиграат неколку натпревари.

Женскиот клуб „УГД студент“ ќе игра во сабота (20.2.2021 г.) во 15 часот против ОК „Македонија макс“ од Струмица.

Истиот ден во 19 часот ќе се сретнат машкиот одбојкарски клуб на УГД против клубот „Лирија“ од Тетово.

Двата натпревари ќе се одиграат во Спортската сала „Јордан Мијалко“ во Штип.

Во недела (21.2.2021 г.) ќе се одржи Државно првенство за младинки на кое покрај УГД ќе настапат екипите на ОК „Куманово“ и ОК „Весна Пробиштип“. Турнирот ќе започне во 11 часот во Спортската сала „Јордан Мијалков“.

Младинците на УГД истиот ден ќе учествуваат на Државно првенство за младинци во Скопје. Покрај екипата на УГД ќе настапат екипите на ОК „Шкендија“ од Тетово, ОК „Џио“ од Струмица и ОК „Јанта волеј“ од Скопје. Натпреварите започнуваат во 14 часот во ОУ „Крсте Мисирков“ во населба Ченто.

Објавено во УГД Живот

Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, во соработка со  Универзитетот Еотвос (Eotvos University) во Будимпешта, Унгарија, беше организатор на Првата интернационална работилница за универзитетски спорт која се организираше во рамките на INSHS (International Network on Sport and Health Science), Интернационалната мрежа за истражување во спортот и здравјето.

Објавено во УГД Живот

Денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, беше одбележан во Штип.

Објавено во УГД Живот

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев,  упати писмо со сочувство до Македонската aкадемија на науките и уметностите по повод смртта на академик Георги Старделов.

Објавено во УГД Живот
Страница 10 од 140

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…