Недела на германски филм по седми пат

Од 26 до 30 октомври во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржува Недела на германски филм. Веќе традиционално Неделата на германски филм е одлична можност да се видат најдобрите филмски остварувања од Германија.

Влезот за сите филмови ќе биде бесплатен. Проекциите се закажани во 20 часот, освен во четврток (29 октомври) кога на репертоарот ќе се најдат два детски филма кои ќе се прикажуваат во 17 и во 19 часот.

Неделата на германски филм, која годинава ќе се одржи по седми пат, е резултат на одличната соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија и Прокредит банка како организатори на овој Филмски фестивал кој се одржува во Скопје, а дел од програмата се прикажува и во Штип.

Во продолжение е програмата за Недела на германски филм:


  • 26.10.2015 – РОДЕН ВО БОЛКА (криминален филм)

    Режија: Флоријан Шварц
    Германија 2014, 89 мин.
    Почеток: 20 часот

  • 27.10.2015 – ФЕНИКС (драма)

    Режија: Кристијан Пецолд
    Германија 2014, 98 мин.
    Почеток: 20 часот

  • 28.10.2015 – ХАКЕРИ (трилер)

    Режија: Баран Бо Одар
    Германија 2014
    Почеток: 20 часот

  • 29.10.2015 – ЛОЛА НА ГРАШОКОТ (детски филм)

    Режија: Томан Хајнеман
    Германија 2014, 90 мин.
    Почеток: 17 часот

  • СПАСЕТЕ ГО РАФИ (детски филм)

    Режија: Арен Акте
    Германија 2015, 97 мин.
    Почеток: 19 часот (детски филм)

  • 30.10.2015 – 300 ЗБОРА ГЕРМАНСКИ (комедија)

    Режија: Зили Аладак
    Германија од 2014, 96 мин.
    Почеток: 20 часот

    • Последен пат изменето на Понеделник, 19 Октомври 2015 12:51
      Одбележен под
      Share this article

      СЛЕДЕТЕ НЕ

      Регистрирај се

      За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
      Top
      We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…