(Видео) Ова се победниците на осмата Ораторска вечер на УГД

Теодора Новеска, студент по новинарство, е победник на осмата Ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Теодора имаше говор за проблемите во македонското здравство.

Таа во својот говор ги истакна проблемите на родилките во Македонија и условите во македонските болници. Првото место ѝ донесе награда од 12 000 денари, пакет книги во издание на УГД и можност за настап на ораторски натпревар на државно ниво, па потоа и на меѓународно ниво.

Второто место му припадна на Лазар Тасев, кој имаше говор за проблемот со неказнивоста во Македонија и нивото на казните за различни видови на криминал и корупција во Македонија.

Третото место ѝ припадна на Љупка Трајкова, која имаше говор за омразата, лицемерието и неправдата кај луѓето во општеството.

Ораторската вечер беше пренесувана во живо на Фејсбук, а може да се најде на следниов линк https://www.facebook.com/UGDFM/videos/1942114132496682/.

Видео

Последен пат изменето на Четврток, 22 Март 2018 15:31
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…