Универзитетски спортски игри – Еразмус проект на УГД

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, 27 март, се одржуваат спортски натпревари како дел од   проектот „Teaching sport“, во кој покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како партнери се вклучени Одделот за спорт на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (Р. Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).

Спортските натпревари се одржуваат во спортската сала „Јордан Мијалков“, на 23 март (петок), а свеченото отворање е во 14 часот. На натпреварите ќе учествуваат екипи од универзитетите во Македонија, како и од Софија (Р.Бугарија), а по нивното завршување ќе бидат доделени и наградите за најдобрите на Универзитетските спортски игри кои се одржаа во претходните три дена.

Постигнати резултати од Студентските спортски игри 2018 год.

На овие Студентски спортски игри по повод патронатот на УГД учествуваа преку 500 студенти од 13 факултети, коишто се натпреваруваа во шест спортски десциплини, при што се постигнати следниве резултати.

БАСКЕТ – мажи

Пријавени се 20 екипи во машка конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Електротехнички факултет
  2. Правен факултет
  3. Факултет за медицински науки

МАЛ ФУДБАЛ – мажи

Пријавени се 16 екипи во машка конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Правен факултет (граѓанско)
  2. Факултет за информатика
  3. Правен факултет (правни студии)

ПИНГ-ПОНГ – мажи

Се пријавија 35 натпреварувачи во машка конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Игор Саздов – Факултет за информатика
  2. Филип Костадиновски – Правен факултет
  3. Антонио Нечовски – Факултет за информатика

ПИНГ-ПОНГ – жени

Се пријавија 12 натпреварувачи во женска конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Симона Ангеловска – Електротехнички факултет
  2. Анита Волческа – ФПТН
  3. Ана Ефтимова – Електротехнички факултет

РАКОМЕТ – мажи

Се пријавија 4 екипи во машка конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Факултет за медицински науки
  2. Правен факултет
  3. Земјоделски факултет

РАКОМЕТ – жени

Се пријавија 3 екипи во женска конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Факултет за медицински науки
  2. Филилошки факултет
  3. Факултет за информатика

ОДБОЈКА – мажи

Се пријавија 3 екипи во машка конкуренција, а пласманот е следен:

  1. Факултет за информатика
  2. Факултет за медицински науки
  3. Правен факултет

ШАХ

  1. Птоломеј Петар Стојанов
  2. Кадри Изеири
  3. Сашко Јовчевски

ОДБОЈКА – жени

  1. Економски факултет
  2. Филолошки факултет
  3. Правен факултет
Последен пат изменето на Петок, 23 Март 2018 15:29
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…