Обука за претставници од образовните институции во Македонија

Универзитет „Гоце Делчев“ заедно со Издавачката куќа „Просветно дело“ на 26 април 2018 година организираат обука за чинителите во образовниот процес (директори, стручни работници, воспитувачи, негуватели ...).

Во текот на два дена (26 и 27 април) во Мултимедијалниот центар на УГД обука ќе добијат преку 600 лица од образовните институции во Македонија.

Обуката ја организира Факултетот за образовни науки при УГД заедно со Издавачката куќа „Просветно дело“, а во соработка со Катедрата за педагогија при Филозофскиот факултет на УКИМ - Скопје и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ - Скопје.

Предавачи ќе бидат: проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Флорина Шеху, проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Снежана Јованова-Митковска и проф. д-р Маја Рауник-Кирков.

Обуката ќе започне во 11 часот во Мултимедијалниот центар на УГД.

Обуката е на тема „Дидактичко-методските аспекти и литературно-уметничките специфики на списанието за најмали ’Росица’ и прирачната литература за предучилишната програма, одобрени за употреба од МТСП при реализација на Програмата за рано учење и развој“.

Вашето присуство потврдете го на следнава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Четврток, 26 Април 2018 08:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…