Средношколски медиумски камп на УГД и Високата школа за новинарство

Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и дневниот весник „Нова Македонија“, од 11 до 14 јуни организира Средношколски медиумски камп во Штип.

На кампот средношколците преку практична работа со професионални новинари и медиумски работници учат како се прават видеоприлози, фотоприказни и како се подготвува телевизиска емисија.

Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весник „Медиум“.

Последен пат изменето на Вторник, 12 Јуни 2018 11:04
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…