Соработка на УГД – Штип и Универзитетот „Хаџи Зека“ – Пеќ, Косово

Со потпишување на Меморандум за соработка, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и државниот Универзитет „Хаџи Зека“ во Пеќ (Косово) отворија можности за соработка на повеќе полиња од образовната и научноистражувачката област. Според ректорот на Универзитетот во Пеќ, проф. д-р Фадил Милаку, двата универзитета имаат големи можности за соработка.

Како млад универзитет ќе започнеме со докторски студии. Бевме на Факултетот за туризам на УГД и планираме и ние да започнеме со студиска програма за гастрономија, каква што нема на Косово. Затоа најпрвин соработката ќе биде со ФТБЛ на Универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе ги разгледаме сите други можности, врз основа на студиските програми кои ги имаме – изјави проф. д-р Милаку.

За ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, потпишувањето на Меморандум за соработка е важно бидејќи станува збор за државен универзитет кој има студиски програми кои се приспособливи за нашите образовни курикулуми.

Ова посебно се однесува новите студиски програми што тие би сакале да ги отворат, еве и во областа на гастрономијата, туризмот, менаџментот во туризмот кои ние веќе ги имаме. Ние сме отворени за соработка во тој поглед, како во поглед на студиските програми, така и во поглед на нашите кадри. Ќе работиме на заеднички меѓународни проекти, проекти во ЕУ, и мислам дека е добра можност да соработуваме со Косово, во интерес на она што значи европска иднина на овој регион, бидејќи сите заедно треба да се гледаме во таа европска иднина – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јуни 2018 14:38
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…