Студенти на Економски факултет меѓу најдобрите на „Rotman International Trading“

Тимот на Економскиот факултет: Ивана Арапова, Елена Арсова, Владимир Ричлиев и Марјан Димов, под менторство на проф. Елена Веселинова, постигна одличен резултат на елитниот натпревар за тргување на берзи „Rotman International Trading“, остварувајќи пласман меѓу најдобрите пет тимови, кои воедно добиваат признание и награди.

Високото петто место во конкуренција од повеќе од 40 земји учеснички од Европа е уште позначајно, затоа што не само Економски факултет и Универзитет „Гоце Делчев", туку и Република Македонија за првпат учествуваше на ваков престижен натпревар за тргување на берзи кој има статус на европско првенство во својот домен.

 

Успехот е уште поголем, земајќи предвид дека многу престижни универзитети кои имаат завидна позиција на Шангајската листа останаа рангирани на листата под тимот на Економски факултет на Универзитет „Гоце Делчев".

 

Последен пат изменето на Среда, 05 Септември 2018 14:25
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…