1400 кандидати во првиот уписен рок

Околу 1400 средношколци се пријавија во првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Интересот за УГД и оваа година останува релативно голем кај матурантите, а бројката се очекува да се зголемува во вториот и во третиот уписен рок.

Проректорот на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, информира дека во рамките на оваа бројка се и 120 странски студенти од Турција, Србија и од Бугарија. Пополнети се квотите за општа медицина и на студиската програма за медицински сестри, каде што има голем интерес.

- Во моментов ќе се консултираат студентите за нивната втора и трета опција. Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки - вели Барбареев.

Тој истакна дека бројот на студенти на Факултетот за информатика, Филолошкиот, Економскиот и Правниот факултет е исклучително добар.

- Генерално, постои некој баланс меѓу општествените и хуманистичките науки и меѓу техничките и природните науки. Кога ќе се соберат сите бројки, може да се каже дека сите факултети и центри на Универзитетот ќе имаат пристојна бројка, соодветна за нормална работа и функционирање на факултетите - рече Барбареев.

Идните студенти, кои се примени во првиот уписен рок, можат да се запишат на факултетите и на академиите на 12 и 13 септември, а веќе од 14 до 17 септември ќе биде и вториот уписен рок на оние факултети, каде што има слободни места за одредени студиски програми.

Универзитетот веќе се подготвува и за првиот академски час, кој оваа година е на 1 октомври.

Последен пат изменето на Понеделник, 10 Септември 2018 12:02
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…