ЕРАЗМУС конкурс за студии и пракса во странство

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2018/2019 година, почнувајќи од летен семестар и тоа:

  1. Мобилности за студенти
  • Студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
  • студенти на втор циклус студии;
  • студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

  • 40 студентски мобилности
  • 10 студентски обуки (пракса):
  • Факултет за медицински науки (1);
  • Факултет за информатика (1);
  • Економски факултет (1);
  • Правен факултет (1);
  • Електротехнички факултет (1);
  • Факултет за туризам и бизнис логистика (1);
  • Филолошки факултет (1);
  • Факултет за природни и технички науки (1);
  • Земјоделски факултет (1);
  • Факултет за образовни науки (1).

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати. 

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html 

  1. Мобилности за наставнички кадар

Мобилности за наставнички кадар во високообразовните институции во ЕУ (1 недела до 5 работни дена). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите.

Конкурсот е отворен за 11 мобилности за нaставнички кадар:

  • Факултет за медицински науки (2);
  • Факултет за информатика (1);
  • Факултет за природни и технички науки (2);
  • Електротехнички факултет (1);
  • Факултет за туризам и бизнис логистика (1);
  • Економски факултет (1);
  • Факултет за образовни науки (1);
  • Филолошки факултет (1);
  • Правен факултет (1). 
  1. Мобилности за административен кадар

Потребни документи:

  • Изјава за вработен;
  • Mobility AgreementStaff Mobility For Teaching/Training.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Центарот за меѓууниверзитетска соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

М-р Сања Стефанова

Универзитет „Гоце Делчев’ - Штип

Центар за меѓууниверзитетска соработка

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 10 септември до 10 октомври 2018 година.

 

Последен пат изменето на Вторник, 11 Септември 2018 11:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…