(Видео) УГД ја потпиша европската декларација Magna Charta Universitatum

На 18 септември 2018 година, на 800-годишнината на Универзитетот во Саламанка, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев, го потпиша документот Magna Charta Universitatum, со што УГД се вброи како еден од потписниците на овој значаен светски документ.

Со ова УГД влегува во семејството на огромен број реномирани универзитети. Делегацијата од Универзитетот „Гоце Делчев“, составена од ректорот проф. д-р Блажо Боев, проректорите проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Нина Даскаловска советник за меѓународна соработка, присуствуваше на свеченоста заедно со уште голем број реномирани универзитети од Европа. Ова претставува еден од најзначајните документи што ги има потпишано Универзитетот и воедно мапирање на УГД во семејството на реномираните и богати со традиција универзитети. Ова значи отворање на УГД кон европските перспективи и создавање на цврсти и значајни врски со универзитетите издигнувајќи го штипскиот универзитет на еднакво рамниште со најдобрите универзитети од Европа.

Magna Charta Universitatum е документ којшто првпат е потпишан на 18 септември 1988 година, на 900-годишнината на Универзитетот во Болоња, од страна на 388 ректори и претседатели на универзитети од цела Европа и пошироко.

Документот содржи принципи на академска слобода и институционална автономија како водич кон добро управување и саморазбирање на универзитетите во иднина. Досега Magna Charta Universitatum е потпишана од страна на 816 универзитети од 86 земји.

 

Последен пат изменето на Вторник, 25 Септември 2018 15:34
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…