Успешно организирана првата Летна школа за дентална медицина

Од  13 до 16 септември, хотелот „Десарет“, на крајбрежјето на Охридското Езеро, беше местото каде што се одржа првата ЛЕТНА ШКОЛА по дентална медицина, во коорганизација на Факултетот за медицински науки и Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев‘‘ – Штип.

На летната школа беше ставен  акцент на пет работилници – курсеви од областа на денталната медицина и забната протетика, на кои учествуваа студенти на Факултетот за медицински науки, од насоките Дентална медицина и Стручни студии за забни техничари-протетичари. На школата учествуваа над 80 студенти по дентална медицина од сите факултети каде што се изучува стоматологијата во Република Македонија.  

Со претходна теоретска подготовка, во рамките на летната школа, се одржаа следниве работилници:

Workshop No.1: Basic concept of DSD digital smile design;
Workshop No.2: Basic Implantology Theoretical and Practical concept;
Workshop No.3: Gutta – Percha root sealing techniques;
Workshop No.4: Needles, suture materials and knots used in oral surgery procedures;
Workshop No.5: Tooth color and shade matching in Dentistry.

Дел од агендата по која се одвиваа настаните планирани за летната школа заземаа и гала-вечерта, во организација на домаќините, и прошетката и разгледувањето на убавините на градот Охрид. Летната школа беше заокружена со крстарење со брод и разгледување на убавините на манастирскиот комплекс Св. Наум. Организирањето на вакви настани со едукативен карактер полека преминуваат во традиција за Универзитетот „Гоце Делчев‘‘, а напорната работа и ажурност на организацискиот тим резултира со успешноста на првата ДЕНТАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА, прва од ваков вид во нашата држава.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…