(Видео) Силни пораки до студентите на првиот академски час на УГД

Стотици студенти денес во свечена атмосфера присуствуваа на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во Мултимедијалниот центар новите студенти ги поздравија министерот за образование и наука и ректорот на УГД.

Министерот Арбр Адеми истакна дека овој Универзитет е еден од најбрзо растечките универзитети во Македонија и дека студентите го направиле вистинскиот избор.

 

- Инфраструктурните услови на овој Универзитет се одлични, а мислам и дека кадарот покажува исклучителен интерес за студентите. Овој кадар придонесува за севкупната иднина на оваа земја. Несомнено дека сите кои одлучиле токму овде да го оформуваат своето знаење се во добри раце и можат да бидат спокојни и ќе го стекнат вистинското знаење - изјави министерот Арбр Адеми.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев им посака добредојде на студентите и им кажа дека тие треба да бидат идни лидери на својата земја.

- Постојат успешни и неуспешни и тоа е лигата на овој свет. Сето останато ќе го следи овој тренд. Почитувани студенти, ние во светот немаме пријатели, тоа е лоша вест. Полоша вест е дека никој во светот нема пријатели. Постојат протоколи, дипломатија каде што сето ова на поубав начин се прикажува. Секој го брани својот интерес и секој сака некого во рамките на неговиот сопствен интерес. Драги студенти, сето ова мора да го имате предвид и смелост од целата своја енергија, да го соберете сето она знаење кое ви го нуди Универзитетот, да се борите за своите права, да барате од вашите професори да знаат и да ви го пренесат знаењето затоа што само тоа ќе ве направи членови на светската лига - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Во рамките на својот говор ректорот на УГД ја анализираше и целокупната состојба и криза која ја трпи македонското општество во изминатите години. Целосните говори на ректорот на УГД и министерот за образование и наука се во продолжение.

 

Последен пат изменето на Вторник, 02 Октомври 2018 08:37
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…