Потпишан Договор со Фондацијата „Фридрих Еберт“

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и Ифа Елерајд, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денес потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот предвидува низа заеднички проекти, а ќе започне со дебата што ќе ја организираат двете институции.

  • Од 1996 година работиме во оваа држава. За нас е многу важно да се вклучиме во соработка со младите луѓе и студентите и иднината на ова општество. Затоа денес сме овде за да го потпишеме овој Меморандум за соработка со Универзитетот. Ние сметаме дека е многу важно да се вклучиме во соработка со сите, не само во главниот град, затоа оваа соработка со штипскиот универзитет е многу важна за нас. Првата работа која ќе ја започнеме со Универзитетот е дебата за еднакво и праведно општество. Ќе организираме дебата на темата на даноците, ќе зборуваме за прогресивниот данок и бенефитите од него, а на дебатата ќе го поканиме и министерот за финансии Драган Тевдовски - изјави директорката на Фондацијата, ИфаЕлерајд.

Ректорот на УГД истакна дека соработката со оваа Фондација е многу значајна и дека таа допрва ќе се продлабочува.

  • Мислам дека ние како општество полагаме многу на соработката со германската држава и германските институции. Ние како Универзитет имаме соработка со многу германски универзитети. Оваа соработка е исклучителна важна за студентите да се запознаат со она што се случува во Германија, особено во делот на правичност и правична застапеност. Се надевам дека помошта од оваа Фондација ќе биде огромна за нашиот универзитет во делот на тоа младите студенти да научат дека Европа е и во Македонија и дека таа може да биде дел од Европа и не мора сите да одиме таму, туку можеме да ја направиме Европа овде - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Меморандумот се потпиша денес, а првата дебата веќе е договорена со професорите на Економскиот факултет при УГД. Темата на која ќе се зборува е „Ајде да зборуваме за даноците“.         

Последен пат изменето на Петок, 01 Март 2019 15:26
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…