Министерот Зоран Шапуриќ во посета на УГД

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија задолжен за домашните инвестиции денес беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Посетата е со цел да се развие соработка со министерот, со оглед на тоа дека УГД ги креира кадрите за идните работни места во државата.

  • Имав задоволство денес да го посетам и Универзитетот „Гоце Делчев“ и да се сретнам со ректорот и деканката. Зборувавме за создавање на кадри за индустријата и за стопанството. Стана збор и за новите студиски програми и приспособување на истите. За овој краток период успеав да остварам некои средби, а ќе зборуваме и за нивните развојни планови и создавање на кадри за потребите на македонската економија - изјави Министерот Зоран Шапуриќ.

Ректорот на УГД на средбата истакна дека е добро министерот од близу да се запознае со каков капацитет располага Универзитетот.

  • Со министерот имавме средба и сметам дека е вистинско време што тој дојде на Универзитетот. Многу е важно да знае што ние правиме за развојот на ова стопанство и за креирањето на кадри за македонската економија. Различно е да се види тоа од прва рака и различно е да се добиваат информации од споредни страни - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Претходно министерот беше во посета на Електротехничкиот факултет, кој произведува кадри кои се исклучително потребни на пазарот на трудот. Деканката на овој факултет истакна дека очекува во иднина соработката со министерот да се интензивира.

  • Очекувам дека понатаму ќе имаме огромна соработка, бидејќи е директно задолжен за домашните и за странските инвестиции за коишто ние како кампус и факултет треба да ги креираме идните вработени - изјави деканката на Електротехничкиот факултет при УГД, проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска.

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија истакна дека ова е исклучително плодна посета и дека соработката во иднина ќе продолжи. Министерот покрај посетата на УГД, посети и некои индустриски капацитети низ градот со кои разговараше за можна поддршка.  

Последен пат изменето на Четврток, 07 Март 2019 08:36
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…