И годинава околу 200 стипендии за студентите и Фонд за наука за професорите на УГД

И оваа година продолжува веќе традиционалната поддршка што Универзитетот им ја дава на студентите и на научниците на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето - 12 години УГД, ректорот потенцираше дека се продолжува со финансирање на голем број научни проекти и со стипендии за најдобрите 105 студенти на УГД.

- Доделуваме вкупно 105 стипендии. Тоа е во рамките на Универзитетот и има значителна бројка на стипендии кои се обезбедени од бизнис заедницата. Вкупно ќе дојдеме до бројката од 200 стипендии. Во овој момент станува збор за покривање на партиципацијата на студентите, но компаниите не се обврзани само со партиципација, некои од компаниите тоа го прават и со годишни стипендии за суми кои самите ги одредуваат - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Воедно и оваа година продолжува поддршката на професорите и истражувачите на УГД кои имаат на раасполагање Фонд за наука кој е обезбеден, исто така, од страна на Универзитетот, но и од бизнис секторот. Во текот на изминатите години се финансирани голем број научни проекти изработени од страна на професори и истражувачи на УГД. Промоцијата на Фондот за наука и стипендиите беа во рамките на прославата - 12 години Универзитет „Гоце Делчев“.

Централната манифестација е утре (27 март 2019) пред и во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Настанот започнува во 10 часот.

Последен пат изменето на Среда, 27 Март 2019 08:34
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…