Како се рангирани македонските универзитети?

Вебометрикс секоја година објавува по два извештаи за рангирање на Универзитетите во целиот свет. Оваа институција рангира преку 23.000 универзитети од целиот свет.

Универзитетот Гоце Делчев од Штип повеќе години по ред е на втората позиција од сите македонски универзитети. Најновото рангирање на македонските универзитети изгледа вака:

Рангирањето, кое е објавено на нивната веб страница, се прави по неколку основи и тоа присутност на интернет (големина на web простор, зафатеност на веб од страна на институцијата и слично), влијание (надворешни мрежи и контакти, колку други институции ја поврзуваат институцијата во нивни линкови и контакти), отвореност ( број на цитати од топ автори ) и научност (број на научни трудови во топ 10% цитирани автори од 26 научни дисциплини).

Покрај ова рангирање од неодамна Вебометрикс направи рангирање и со Google Scholar, односно колку се цитирани универзитетите и авторите од универзитетите преку Google Scholar. На ова рангирање Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип исто така се најде на втората позиција од македонските универзитети, а на 2331 позиција во светски рамки.

Рангирањата се слични речиси на сите истражувања за квалитет на високото образование кои се прават од различни институции од светот. Неодамна слични резултати покажа и истражувањето на Универзитетот од Шангај.

Последен пат изменето на Петок, 19 Јули 2019 14:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…