(Видео) Околу 1200 кандидати во првиот уписен рок на УГД

„Бројот на Факултетот за медицински науки, на насоката Општа медицина, е целосно пополнет. Има уште малку слободни места на Стоматологија, Фармација и на дел од останатите студии на овој факултет.

- На другите факултети бројката е пристојна, со мал пад од околу 10 до 20 проценти. Ако минатата година сме имале 1320 пријавени во првиот уписен рок и ако се земе предвид моментот на неможност на запишување на средношколците со училишна матура, тогаш УГД е во рамките на очекувањата. Ако се запишале и тие со училишна матура можно е и бројката на студенти да била поголема од минатата година“, изјави проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев.

Најмал е бројот на техничките факултети, на Машински факултет, Електротехнички факултет и Технолошко-технички факултет, не сметајќи ги уметничките академии каде што наставата е индивидуална и таму бројката е реално помала.

Училишната матура годинава беше најголема пречка и дел од студентите изразија незадоволство од тоа што не биле доволно информирани дека не можат да се запишат на факултет со училишна матура.

Вториот уписен рок е на 16 и 17 септември.

Информации на https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/zapisi-se-na-ugd/473-upisi-2019-20.

 

Последен пат изменето на Вторник, 03 Септември 2019 15:01
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…