(Видео) Договор за соработка со Универзитетот „Al Falah“ во Дубаи

УГД и Универзитетот од Дубаи „Al Falah“ денес потпишаа Договор за соработка. Договорот се однесува особено на соработка меѓу правните факултети на двата универзитети и ова ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“.

- Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ надвор од границите на Европа. Многу е важно да ги прошириме нашите видици со земји надвор од овој регион, кои се исклучително важни во она што се случува денеска во развиениот свет и мислиме дека тоа е подрачје кое е важно за образованието и економијата, но и за новите технологии - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

 

Претставници од Универзитетот „Al Falah“ во Дубаи денес беа присутни на Научната конференција во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Септември 2019 14:10
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…