ФТБЛ со признание од Министерството за економија

По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија во повеќе категории. На манифестацијата Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за особен придонес во туризмот.

Претставник од ФТБЛ на манифестацијата беше доц. д-р Оливер Филипоски на кого му беше врачено признанието. 

ФТБЛ до сега учествува во многу стратегии за развој на туризмот во различни делови на Република Северна Македонија, а заедно со студентите се организатори на голем број настани кои резултираат со поголема видливост на туристичките капацитети и културното богатство на земјата.

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Октомври 2019 08:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…