Студентите на ФТБЛ успешни организатори на гастрономска манифестација во Скопје

Општината Гази Баба и Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна во Скопје ја организираа манифестацијата „ВКУСИ ЈА ГАЗИ БАБА – вкус за сите генерации“.

Манифестацијата имаше за цел презентација на локална храна и гастрономија проследено со музички настапи. На плоштадот „Филип Втори“ беа поставени штандови каде што компаниите ги презентираа своите производи и гастрономското богатство на Општина Гази Баба. На штандовите, во соработка со компаниите, производите беа презентирани од страна на студентите на ФТБЛ.

На манифестацијата беа презентирани кулинарски вештини и специјалитети преку организација на три мастер класови од шефовите: Бобан Симоновски, Мирко Митревски и Дејан Христовски. Покрај мастер класовите, карвинг подготви Светлана Димовска, а за презентација на коктели беше задолжен Марио Тофиловски.

Главни покровители во организација на настанот беа „Пивара“ - Скопје и „Прилепска пиварница“. На манифестацијата учествуваа повеќе компании, како: Пивара“ - Скопје, „Прилепска пиварница“, „Алкалоид“, „Виталиа“, „Макпрогрес“, „Ле петит“, „Слоу фуд“, „Кенди“, „Шарлота“, „Делициа“, „Напредок“, „Кенди“, „Римес“, „Солета“, „Каварџик“, Фарма „Лазаревски“, „Европа“, Винарија „Камник“, „Сковин“ и др.

Музичката програма беше проследена со настапи на естрадни уметници, како: ди-џеј Боби, „Златно славејче“, „Екстра бенд“, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Влатко Лозаноски и „Брас брадрс“.

Големата посетеност и интересот за манифестацијата, која се организира втора година по ред, даваат основа истата во иднина да прерасне во атрактивна и престижна манифестација која на едно место ги собра сите чинители од секторот храна и угостителство во Општина Гази Баба.

Општина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја продолжуваат својата соработка и во иднина најавуваат збогатување на оваа манифестација со нови и интересни содржини.

Последен пат изменето на Вторник, 29 Октомври 2019 13:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…