Одбележано раѓањето на Гоце Делчев

Штип денеска го чествува раѓањето на најголемиот револуционерен деец Гоце Делчев. Во штипско Ново Село на спомен релјефот на зградата, каде што порано учителствувал Делчев, сегашен ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ беа положени букети цвеќе од делегации и претставници на Универзитетот „Гоце Делчев, од локалната власт, државни институции, политички партии и од Општинската организација на Сојузот на борци-Штип.

Во рамките на одбележување на денешниот празник, ректорот на УГД проф. Д-р Блажо Боев истакна дека во текот на 2020 година главен фокус на оваа високообразовна институција, која го носи името на Делчев е трансформација, која ќе биде  одржлива и предвидлива и којашто нуди иднина на вработените и на студентите.

- Сите реформи, кои универзитетот ги прави се во насока на тоа да се прилагоди на времето, процесите и да се интегрира во Европската унија и мислам дека тоа го правиме успешно и Универзитетот за две до три години ќе биде структура, која е многу зајакната, којашто е одржлива, предвидлива, вели Боев.

Прашан дали студентите ќе имаат квалитетно образование, а Универзитетите нема да се натпреваруваат со бројки, односно  колку студентите запишале, туку какво знаење им даваат, Боев истакна она што во минатото не се можело да се промени, сега самата миграција на младите веќе тоа го прави.

- Мислам дека неминовно ќе дојде до тоа да мораме да работиме со мали групи, што значи квалитетот мора да дојде до израз, не треба студентите да бидат интерес на институциите во поглед на нивните да кажеме социјални или материјални права. Мислам дека тоа се права на државата и мислам дека професорите треба да го работат она за што се платени, а тоа е квалитетно образование на студентите и да излезат способни граѓани за времето кое е пред нас и за 21 век, вели Боев.

Во зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ се наоѓа и спомен собата на Делчев, во којашто се зачувани клупите, но и други предмети во времето, кога учителствувал Делчев во штипско Ново Село. Посети има од страна на туристи и ученици. (Штип, февруари, 2020, МИА).

 

Последен пат изменето на Среда, 05 Февруари 2020 08:36
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…