(Видео) Претседателот на Универзитетското студентско собрание: Студентите мораат да бидат гласни

Пред две недели на конститутивната седница на Универзитетското студентско собрание беше избран првиот лидер на ова тело. Станува збор за Мирко Наџаков, студент на Правен факултет во четврта година.

Тој имал неколку противкандидати, но во вториот круг успеал да го надгласа Стефан Коцев од Факултетот за медицински науки. Во првото интервју за УГД ФМ новоизбраниот претседател на Универзитетското студентско собрание истакна дека студентите мораат да бидат гласни и активни.

- Јас ќе се залагам студентите да бидат гласни и активни преку медиумите, а се надевам дека ќе успееме да го активираме и студентскиот весник „Студентско Ехо“ кој од пред неколку години престана да се издава, истакна меѓу другото Мирко Наџаков.

Тој ги повика студентите да бидат активни и да се обратат до новите претседатели на факултетски и универзитетски собранија со цел да ги адресираат своите проблеми пред надлежните. Една од првите работи кои ќе ги направи е избор на студентски правобранител кој ќе ги застапува интересите на сите студенти. Целосното интервју погледнете го во видеото во продолжение.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…