Конкурс за Еразмус за 2020/21 година

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го распиша Конкурсот за Еразмус мобилности за академската 2020/2021 година. За студенти, отворени се места за 30 студентски мобилности за студии и8 12 за пракса. Можат да конкурираат редовни студенти кои имаат запишано најмалку  трет семестар на прв циклус на студии, како и студентите на втор и трет циклус на студии.  Потребни документи за аплицирање:

- пополнет образец за студент;

- фотокопија од индекс (Прва страна);

- уверение за положени испити;

- кратка биографија;

- мотивациско писмо;

- две препораки од професори/асистенти;

- потврда за познавање на странски јазик;

- копија од сертификати.

Отворена е можноста за учество во Еразмус размена и за наставниот и административниот кадар на УГД, и тоа 10 мобилности за наставен кадар и 5 за административен кадар.
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

Универзитет „Гоце Делчев’- Штип
Одделение за меѓународна соработка (Еразмус +)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 20 февруари до 20 март 2020 година, а повеќе информации може да се добијат на http://cmus.ugd.edu.mk/index.html.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…