Проф. д-р Вело Марковски: Здравствениот систем има капацитет да се справи со Ковид 19

Во целата ситуација со коронавирусот – Ковид 19, улогата на стручната јавност, на лекарите, инфектолозите, епидемиолозите е клучна, смета проф. д-р Вело Марковски, инфектолог, професор на Факултетот за медицински науки.

Според него, значајно е и местото на високото образование, а професорите на Факултетот за медицински науки, како и студентите кои дипломираат на него се подготвени за предизвиците и треба да се вклучат во здравствениот систем и можат да го дадат својот придонес.

Проф. д-р Вело Марковски има објавено повеќе стручни трудови токму од областа на респираторните заболувања, како и за инфлуенцата – грипот, а во разговор за Универзитетското радио и телевизија одговараше и на прашања кои на социјалните мрежи ги поставуваа студентите.

 

Последен пат изменето на Вторник, 24 Март 2020 13:22
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…