13 години УГД

На денешен ден пред 13 години беше формиран Универзитетот „Гоце Делчев“. Во услови на вонредна состојба во државата Универзитетот ги одложи сите предвидени активности по повод одбележување на овогодишниот ден на УГД. Преку електронска порака до вработените и студентите се обрати ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев.

Во ова време на невреме, време на исклучителни човечки предизвици, време во кое на глобално ниво сите народи се борат со растечката пандемија од коронавирусот, треба да ги извадиме на површината најдлабоките чувства од нашите души, да го извадиме она најхуманото и највозвишеното и да ја направиме браната која ќе не одбрани од оваа пандемија.

Ви посакувам среќен 27 март.

Ви го честитам денот на Универзитетот 'Гоце Делчев' во Штип“, се вели во електронската порака на ректорот на Универзитетот.

Универзитетот „Гоце Делчев“, како што веќе информиравме, одржува електронска настава веќе две недели. Според информациите сѐ се одвива во најдобар ред и голем дел од факултетите се адаптираа и ги извршуваат предавањата.

Последен пат изменето на Петок, 27 Март 2020 13:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…