(Видео) Почнува електронското пријавување за идните студенти на УГД

Сите заинтересирани студенти од 1 јули ќе можат да се пријават на електронскиот систем на УГД во однос на веќе објавениот Kонкурс за упис на нови студенти. Пријавувањето годинава започнува порано и ќе се одвива електронски, според сите актуелни протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

- Документите кои кандидатите ќе ги поднесуваат преку електронската платформа можат да бидат скенирани или фотографирани, сето тоа ние ќе го прегледаме во текот на летниот период и кога ќе почнат уписите во август ќе бидеме целосно подготвени - вели проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров.

Во текот на летниот период Универзитетот преку електронската платформа, но и преку социјалните мрежи ќе одговара на прашања кои ќе се однесуваат на уписите, но и на сите студиски програми и факултети. Електронската платформа ќе биде активна на 1 јули и постојано ќе се надополнува, а може да се најде на следниов линк:

Електронска платформа: УПИСИ 2020

На платформата можат да се најдат и сите дополнителни информации, како и Конкурсот, прелиминарните листи и слично. На прес-конференцијата проректорот за настава проф. д-р Мишко

Џидров ги појасни и другите детали поврзани со уписот на нови студенти на УГД. Во продолжение погледнете ја целосната конференција за медиумите.

 

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…