Започна конференцијата на тема „Образованието во 21 век“

4.9.2015 - Денеска свечено во Мултимедијалниот центар деканот на Факултетот за образовни науки заедно со ректорот на УГД и професорите од ФОН ја отворија Меѓународната конференција „Образованието во 21 век“.

 Образованието мора да се менува согласно со промените на времето и мора да се усогласи со современата информатичко-комуникациска технологија, а ваквите научни конференции ќе придонесат за таквите промени. Со оглед на тоа што на оваа конференција се дојдени учесници, научници од осум или девет земји, има трудови повеќе од источниот блок, Русија, Молдавија, Полска, Словачка и така натаму. Овде ќе ги споделиме искуствата за спроведувањето на Болоњскиот процес во високото образование, ќе ги споделиме искуствата во однос на моделите на комуникацијата, со практиката на училиштата и градинките, бидејќи и таму уште треба да работиме изјави деканот на ФОН, проф. д-р Соња Петрова

Ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев на отворањето ја поздрави оваа иницијатива за ваква Меѓународна конференција и порача дека УГД како институција особено внимание посветува на развојот на Факултетот за образовни науки, а најави и отворање на три нови катедри на Универзитетот.

 Ние како Универзитет особено внимание посветуваме на оваа институција и особено внимание ќе посветиме во иднина на оваа институција. Наставата е клучен сегмент на Универзитетот, заедно со истражувањето и меѓународната соработка. Ако настава не се прави добро на Факултетот за образовни науки не знам каде на друго место добро би се правела. Токму поради тој факт и проректорот за настава на Универзитетот доаѓа од овој факултет, сметајќи дека тој со себе ќе донесе новитети во поглед на модерна и квалитетна настава на Универзитетот. И во насока на поддршка на овој факултет, најавувам дека наскоро ќе отвориме три нови катедри на Универзитетот и тоа – Катедра за филозофија, Катедра за социологија и Катедра за психологија. Тоа се суштински елементи во дејствувањето на еден универзитет рече ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев

Оваа меѓународна научна конференција, која се организира по повод 20 години високо образование на наставници и воспитувачи во Штип, има вкупно 89 трудови од 9 земји во Европа.


 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…