Хуманоста на испит во време на пандемија

„Хуманоста на испит во време на пандемија“ е хуманитарна акција која ја организира Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст заедно со универзитетите во Македонија. Во оваа акција се вклучува и Универзитетот „Гоце Делчев“ со крводарителска акција и предавање за крводарителството.

Огромна е важноста на крвта и крвните компоненти во лекувањето на најтешките пациенти, особено во услови на пандемија. Повеќето фирми, како и средните училишта и факултетите се префрлија на онлајн работење и учење, и навистина е многу тешко да се мотивираат крводарителите.

Крводарителските акции ќе се одржат на 22 и 23 декември 2020 година во регионалните центри на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје од 9 до 18 часот, во Битола од 9 до 15 часот, Тетово од 9 до 15 часот, а во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија во службите за трансфузиона медицина на 21 и 24 декември од 9 до 15 часот. Што се однесува за Штип, крводарителската акција ќе се одржи на 22 и 23 декември, во просториите на Центарот за трансфузиологија во Штип, од 9 до 15 часот.

На 18 декември, во 18 часот, онлајн, на платформата Microsoft teams предавање за крводарителството ќе одржи aсс. д-р спец. Мери Шорова.

Линк: Click here to join the meeting.

Последен пат изменето на Петок, 18 Декември 2020 10:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…