Универзитетски сенат се одржа на отворено – избран нов претседател на Сенатот

Универзитетскиот сенат денес одржа седница на отворено, во дворот на Ректоратот. Почитувајќи ги сите протоколи, Сенатот расправаше по неколку точки на Дневниот ред меѓу кои зa:

  • Донесување Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
  • Донесување Одлука за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.​

Согласно со здравствените протоколи и актуелните правилници на УГД и Законот за високо образование, Сенатот ја спроведе постапката за избор на претседател и за претседател ја избра професорката д-р Винета Сребренковска од Технолошко-технички факултет при УГД.

Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е во времетраење од една година.


 

Последен пат изменето на Вторник, 04 Мај 2021 12:49
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…