Одбележани 118 години од смртта на Гоце Делчев

Делегација од Универзитетот „Гоце Делчев“, составена од ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров, денес положи свежо цвеќе на спомен-релјефот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев во Ново Село во Штип.

Во дворот на сегашниот Ректорат на УГД традиционално се одржува одбележувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во истиот објект Гоце Делчев учителствувал во времето кога престојувал во Штип, а во објектот УГД има спомен-соба во која се поместени документи, фотографии, училишни клупи, оружје, кои сведочат за делото на големиот револуционер. Универзитетот од своето основање со гордост го носи името „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето свежо цвеќе денес положија и претставници на институции кои го носат неговото име, политички партии и други релевантни организации.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…