Одбојкарите на УГД, кои освоија шампионска титула, на прием кај градоначалникот на Штип

Одбојкарите на „УГД студент“ во кадетска конкуренција кои ја освоија титулата во државното првенство вчера беа на прием кај градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

На финалниот турнир, кој се одржа во Струмица на 16 мај тие беа најдобри и заслужено се здобија со титулата шампиони.

Градоанчалникот Николов им честита на одбојкарите за овој голем успех, како и на тренерот Ванчо Санев и неговите помошници Кристијан Ристевски и Љупче Зенделов.

Станува збор за искчучтелно талентирани момци кои активно тренираат и работат на себе. Работат на подобрување на себе, на својата игра и својот квалитет, изјави градоначалникот Николов.

Условите за работа на екипата се подобрени и тоа резултира со повеќе успеси, а и самата екипа и играчи се позадоволни.

Условите за работа се многу подобрени за разлика од порано. Салата Јордан Мијалков е една од подобрите и имаме можност за добри тренинзи. Имаме златна генерација, и верувам дека истата екипа и догодина ќе се бори и во кадетска и во младинска категорија. Таму ги очекувам првите места во двете категории, изјави тренерот на екипата Ванчо Санев.

За потсетување истиот состав минатата година беше државен првак и во пионерска конкуренција.

Последен пат изменето на Среда, 26 Мај 2021 21:23
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…