До 8 август пријавување за АВИЦЕНА женска трка и VIZZ AIR маратон

Во рамките на активностите на Универзитетскиот спортски и културен центар, а во насока на промоција на физичката активност и здравиот и активен начин на живот, УСКЦ и УГД и оваа година ќе дадат поддршка за учество на студенти и вработени во Авицена женската трка и Wizz air маратонот. 

Се повикуваат сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип да се пријават за ЕКИПНО УЧЕСТВО НА УГД  на Авицена женската трка и Wizz air маратонот, со можност за учество на TEAM BUILDING трката на 5 км, полумаратонската трка или штафетната трка. 

Пријавувањето за трките е преку регистрација на посебни линкови, најдоцна до 8 Август, 2021 година. 

Авицена женска трка. 

Ќе се реализира на 5 Септември, 2021 година во Скопје. Можност за учество имаат сите припаднички на понежниот пол, студентки и вработени на УГД. Бројот на пријавени лица е ограничен. 

Пријавувањето е со регистрација на следниов линк, најдоцна до 8 Август: 

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=lHrnRHLwj06CGvwtwCzGXUFCxtkPGERHsO9YKQW4OiJUN1dWUThVUUdZU1pMQks2SVI1QVoxRUQzSi4u

Wizz air маратон. 

Трката на 5км ќе се одржи на 2 Октомври, 2021 година. 

Полумаратонот, маратонот и штафетната трка ќе се реализираат на 3 Октомври, 2021 година

Можност за учество имаат сите студенти и вработени на УГД. 

Екипата е од мешан состав, односно составена од мажи и жени. Рангирањето на тимот е во посебни категории (посебно мажи, посебно жени) и истото се прави согласно резултатот на првите 4 натпреварувачи во тимот. Останатите времиња се регистрираат, но не се рангираат.

Пријавувањето е со регистрација на следниов линк, најдоцна до 8 Август, 2021 година: 

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=lHrnRHLwj06CGvwtwCzGXUFCxtkPGERHsO9YKQW4OiJUOTJKRVpDSlBPNFRVVEs4NTNaMFo2RjVYMS4u

Дополнителни информации за настанот може да се најдат на следнава адреса:

http://skopskimaraton.com.mk 

За сите дополнителни прашања и информации, пишете на следниве е - маил адреси: 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (Билјана Попеска, 075/499 380) за Авицена трката

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (Ванчо Барбареев, 072/ 252 052) за Wizz air маратонот

 

По утврдување на бројот на пријавените учесници, ќе се креира групна пријава за УГД на официјаниот сајт на Скопски маратон по што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…