Стратешко планирање на туризмот и новата туристичка реалност

Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, беше дел од претставувањето на програма и планови  на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за побрзо закрепнување на туризмот во време кое е повеќе од неизвесно.

Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски, укажа на фактот дека активниот туризам доаѓа во преден план заедно со интересот за посета на еко-дестинации и престој во мали сместувачки капацитети. Директорот во својата анализа посочи дека профилот на турист кој ја посетувал нашата држава нема да е веќе истиот, туку ќе биде личност која бара безбедна дестинација, авантурист кој преферира патување во мали групи и користи напредна технологија.

Во програмата на АППТ за 2022 година е предвидено да влезат проекти за заштита на постоечките и обнова на старите занаети кои се во функција на туризмот, валоризација на граничните премини, изработка на туристички мапи и многу други кои ќе придонесат за остварување на очекувањата кои се во насока на 2.2-2.3 милиони ноќевања и над 300 милиони долари девизен прилив од ставка туризам.

Секако, за оваа цел соработка укажува и Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев”  - Штип, кој има свој претставник член на Совет на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Август 2021 10:05
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…