(Видео) Започна пријавувањето на новите студенти – најголем интерес за Факултет за медицински науки

Иако голем дел од пријавувањето на новите студенти се одвива онлајн, од денес до 27 август ќе бидат отворени уписните места за достава на документите од страна на идните студенти. Електронскиот систем е отворен од 1 јули за поднесување на документите, а студентите во време кое ним им одговара може да ги достават документите.

- Има околу 4100 слободни места за сите заинтересирани средношколци. Оваа година станува збор за нови реакредитирани студиски програми. Има вкупно 70-тина и се направени поатрактивни за новите средношколци - изјави проректорот проф. д-р Мишко Џидров на прес-конференција.

И оваа година интересот е најголем за медицина, но има и за останатите факултети, а уписите се направени на начин да им одговараат на студентите и да се почитуваат сите здравствени протоколи.

- Уписите се одвиваат според сите протоколи и во најдобар ред. Веќе има голем број студенти кои електронски се пријавиле за студирање, а очекуваме истите да ги донесат своите документи на отворените пунктови или пак на кое било место каде што Универзитетот има свои канцеларии. Оваа година, како и секоја, најголем е интересот за Факултетот за медицински науки, но интересно е што има голем интерес и за техничките факултети – Машински, Електро, ФПТН... - изјави раководителот на Студентска служба, Димитар Љуботенски.

Голем дел од студентите кои ги затекнавме таму се студенти кои ќе се запишуваат на Факултетот за медицински науки и некои од нив велат дека овој факултет е многу популарен меѓу средношколците.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и оваа година обезбедува преку 200 партиципации за најдобрите кандидати кои ќе бидат рангирани во прва година. Воедно од партиципација во прва година ќе бидат ослободени студентите од ромска националност, а Филолошкиот факултет ќе ги ослободи од партиципација во прва година сите кои ќе се запишат на насоката Македонски јазик и книжевност. Ослободени од плаќање партиципација ќе бидат и сите студенти кои ќе бидат дел од спортските клубови и екипи на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 

Последен пат изменето на Четврток, 26 Август 2021 10:15
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…