УГД партнер на проект „Жан Моне“: „Циркуларна економија: Број еден приоритет за Европскиот зелен договор“

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со повеќе универзитети во Франција, Италија, Германија, Русија, Грција и Бугарија е дел од меѓународен проект од програмата „Жан Моне“ на Европската Унија.

Во проектот се вклучени проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров и деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков. Неодамна се одржа првиот кик-оф состанок во Софија, а за следната година е планирана конференција во Москва.

Проектот е координиран од асоцијацијата НЕСТ во Бугарија и целта е да се зајакнат разбирањето и важноста за циркуларната економија на Европската Унија, во контекст на ЕУ интеграциите.

Детали за проектот можат да се најдат на веб-страницата:  http://cirecon.wordpress.com

Последен пат изменето на Среда, 01 Септември 2021 09:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…