Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – онлајн, 18 и 19 октомври

Шестата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ (Филологија, култура и образование) ќе се одржи на 18 и 19 октомври 2021 година на  Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет (Русија) во онлајн-режим.

Организатори на конференцијата и годинава се Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип, Република Северна Македонија) и Филолошки факултет при Воронешкиот државен универзитет (Воронеж, Русија), со што ја продолжуваат одличната соработка од која само дел е оваа конференција.   

Меѓународната научна конференција „ФИЛКО“, посветена на актуелните проблеми во филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранди). За учество во конференцијата се покануваат научници, наставници во основно и средно образование, вработени во библиотеки, докторанди и магистранди.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Септември 2021 10:00
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…