Правна клиника при УГД дава бесплатна правна помош

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ формираше Правна клиника преку која им дава бесплатна правна помош на заинтересираните.

„Во услови кога напорите за остварување на социјална правда и еднаквост не ги даваат очекуваните резултати, па така голем број граѓани и маргинализирани групи не се во можност (или не знаат) како да ги остварат своите права, сосема оправдано се наметнува потребата од бесплатна правна помош како значаен императив во остварувањето на концептот на владеење на правото“, се вели во соопштението од Правниот факултет.

Правната клиника е посебна организациска единица на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип чија основна надлежност би била обезбедување примарна бесплатна правна помош онаму каде што е најпотребна. Основниот мотив е да се подигне свеста за значењето и содржината на бесплатната правна помош и можностите кои се нудат во таа насока, како и да се работи во конкретни случаи со граѓани кои имаат потреба од помош, а не се во состојба да обезбедат остварување на своите законски права преку некој од достапните механизми на заштита.

„Со оглед на тоа дека Правната клиника неодамна почна со работа, нашите напори во моментот се насочени кон тоа да се промовираме како овластени даватели на правна помош, како би овозможиле што е можно поголем круг на граѓани (првенствено оние кои се најзасегнати) да се информираат за нашето постоење и она што го работиме“, велат од Правниот факултет.

Клиниката од неодамна овозможи и електронско поднесување на барања, па така им се олеснува достапноста до правда на сите оние кои имаат потреба од тоа. Повеќе информации можете да најдете на следниов линк: https://pf.ugd.edu.mk/index.php/mk/za-fakultetot/pravna-klinika.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…