УГД и годинава „трчаше“ на Скопскиот маратон

Универзитетот „Гоце Делчев“ со тим од свои вработени и годинава беше дел од Скопскиот Виз-ер маратон. На одлично организираното 17-то издание УГД имаше свои претставници на полумаратонот, како и на трката на 5 километри, замислена повеќе како тим билдинг, што се покажува повеќе од корисно.

На полумаратонот УГД беше претставен од проректорот за настава Мишко Џидров, како и од професорите Сандра Атанасова и Душан Биков, кои остварија лични најдобри времиња во однос на претходните учества. Во трката на 5 километри претставниците на УГД беа одлични, посебно во женска конкуренција, каде што во екипниот пласман (се сметаат четирите најдобри времиња), УГД се пласираше на 4. место, додека кај мажите Стојанче Стојанов оствари одлично време од 20 минути и 27 секунди.

Одличната организација на Скопскиот маратон беше надополнета и со одлично организирано учество на УГД, кој ја продолжува традицијата на учество на најголемиот настан од ваков вид во Македонија.

Одличната организација на Скопскиот маратон беше надополнета и со одлично организирано учество на УГД, кој ја продолжува традицијата на учество на најголемиот настан од ваков вид во Македонија.


Последен пат изменето на Вторник, 05 Октомври 2021 09:51
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…