Земјоделскиот факултет организираше Конференција за заштита на животната средина

На Научна конференција со наслов „Критични предизвици на животната средина во земјите од Западен Балкан“ универзитетски професори и експерти од регионот ги презентираа своите научни сознанија за животната средина и нивото на загаденост. Конференцијата беше во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

  • Ова е втора конференција по ред во организација на Земјоделскиот факултет. Имаме учесници од универзитетите во Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Учествуваа универзитетите од Северна Македонија, исто така - изјави проф. д-р Билјана Балабанова од Земјоделскиот факултет при УГД.

Сите учесници во Конференцијата поднеле свои трудови во кои има и препораки за заштита на животната средина, а и научни сознанија за тоа до каде е загадувањето на животната средина во Западниот Балкан. Претставниците од Лабораторијата за земјишна агроекологија во Ниш имаат три труда на тема заштита на земјиштето, но воедно се презентираа и теми за заштита на воздух, вода и мониторинг на храна.

  • Главните заклучоци се дека нашата животна средина е под тежок притисок и според прогнозите тој притисок ќе се зголемува и поради растот на бројот на население, но и поради климатските промени. Ова е добар пример сите заедно да се здружиме и да размениме идеи и да дадеме решенија - вели д-р Јордана Нинков од Лабораторијата за земјишна и агроекологија во Ниш.

На Научната конференција покрај учесници од научната заедница имаше и учесници од бизнис заедницата кои научните сознанија ќе ги искористат во своите компании.

  • Нашата цел на оваа Конференција е да ги претставиме практичните решенија кои се нудат на проблемите со екологијата во Западен Балкан. Нашата компанија се занимава со иновативни решенија во делот на агросекторот и енергетскиот сектор. Ние денес презентираме системи за вентилирање кои немаат загуба на енергија и користат обновливи извори - вели Филип Андоновски, директор на компанијата „Агро солар“ - Штип.

Конференцијата е поддржана од „Western Balkan Alumni Association“, која е асоцијација основана од Европската комисија и ги обединува истражувачите од цел Балкан.

  • Ова е втора конференција што оваа асоцијација ја организира и финансира. Главна цел е со партнерите од Западен Балкан да најдеме решенија кои се поврзани со климатските промени. Верувам дека многу студенти во иднина ќе бидат дел од оваа асоцијација која дава одлични можности - вели Сања Стефановска од УГД.

Резултатите од научните трудови ќе бидат објавени во зборник на трудови, а ќе бидат споделени и со институциите низ Балканот и во Европа.

 

Последен пат изменето на Сабота, 06 Ноември 2021 11:32
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…